/Видео/ „Допри го сонцето“- „АлШар 2017“

Под мотото "НЕ ВЕ ОЧЕКУВАМЕ, ВЕ ЧЕКАМЕ" „ТиквешкиТочкаџии“   го објавија промотивното видео за „АлШар 2017“ на точно еден месец од најмасовниот настан во Тиквешијата.

Тие се скромни, професионални, сериозни и сакаат да овозможат пријатна средба со природата. Сите се вљубени во убавините кои може да ги створи само мајката земја и настојуваат се да функционира беспрекорно. Организатори се на грандиозна манифестација со наслов „Допри го сонцето-Алшар2017“. Тие се Тиквешки точакџии, а се нарекуваат така затоа што во Кавадарци велосипедот се викал и ке се вика точак, што е прифатена именка која станува синоним на омиленото возило на две тркала кое се движи со човечки погон кое симбол на слободата и здравиот начин на спортување и рекреација.
А се почна лани, и тоа одлично.
Овој период се е подредено на подготовките на Евентот (настанот) „Допри го сонцето“ АЛШАР 2017 кој е прагот а организаторот ги привршува подготовките. Се работи - очекувано за убедливо најпосетениот настан за планински велосипедизам, планинарење и планинско трчање за 2017 во Македонија. Тој по вторпат е во организација на „Тиквешки Точакџии“ од Кавадарци а ќе се одржи од 09-11 Јуни 2017год.
А годинава тој втор викенд на месец јуни е предвидено да дојдат на Алшар во Мрежилко и Мајдан многу гости, вистински вљубеници во природата од сите градови на Македонија, веројатно повеке од лани. Оние кои планираат кампирање покрај едната веќе позната ке имаат на располагање уште две пољани, вкупно за сместување на над 400 кампови(шатори). Организатори ке се погрижи да има забава каква доликува за ваков собир. Од она што успеавме да дознаеме од Драги Јованиов еден од организаторите на „Алшар 2017“ дознаваме дека годинава трите патеки за пешачење ке бидат подобро одбележани од ПД „Орле„ од Кавадарци со цел сите учесници полесно да се снаоѓаат на терен.
Предвидени се две планински велосипедски тури (голема – 52 километри и мала – 28 километри), како и две планинарски тури, сето тоа дополнети и со фамилијарен излез и културно-забавна програма за време на целиот настан.
„Планина, Небо, а на небото Сонце, тука сме сите, се обидуваме сите да го допреме и да бидеме дел од АлШар“ - Не Ве очекуваме - Ве чекаме, АлШар 9-11 Јуни 2017 “.

Големи изненадувања и незаборавно дружење и уживање во прекрасните предели на Кожув Планина. Поради голем интерес за АЛШАР 2017 можат да извршат резервација на пакетите за настанот на Тел: 070/ 911-912.


Под мотото "НЕ ВЕ ОЧЕКУВАМЕ, ВЕ ЧЕКАМЕ" „ТиквешкиТочкаџии“ го објавија промотивното видео за „АлШар2017“ на точно еден месец од најмасовниот настан во Тиквешијата.

 

превземено од РТК.мк